Дома Фудбал Англија Кога момците на Клоп ќе се налутат: Ливерпул му даде седум гола на Кристал Палас 🎥

Кога момците на Клоп ќе се налутат: Ливерпул му даде седум гола на Кристал Палас 🎥

Ливерпул одигра фантастичен натпревар денес од 13:30 часот против Кристал Палас.

Против незгодниот Кристал Палас кој пред само две кола одигра 1:1 против Тотенхем Ливерпул денес победи со огромни 0:7 и тоа на гостински терен. Во првото полувреме Ливерпул водеше со 0:3 и оние кои го гледаа натпреварот знаат дека Кристал Палас не беше до толку надигран. Момците на Клоп ја искористија секоја посериозна шанса. Погодуваа Минамино, Мане и Фирмино.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Во вториот дел домаќините како веќе да се откажаа, па преку Фирмино кој постигна уште еден гол, два Салах и еден Хендерсон „црвените“ запишаа триумф од 0:7.

Треба да се спомене дека Ливерпул овие седум гола ги постигна од осум удари кои одеа во рамките од голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Ламин Јамал потпиша нов договор со Барселона

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, официјално го продолжи договорот со клубот. Како…