Дефанзивецот на Рома, Рожер Ибањес е новата трансфер цел на Ливерпул, тврдат италијанските медиуми.
22-годишниот Бразилец, кој минатиот јануари пристигна на „Олимпико“ оваа сезона игра одлично и го привлече вниманието на многу клубови ширум Европа.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Ливерпул е во потрега по дефанзивец во зимскиот преоден рок, бидејќи Клоп има големи проблеми со повредени фудбалери.
„Црвените“ веруваат дека Ибањес достојно ќе го замени Ван Дајк и од следната сезона ќе биде одличен партнер на Холанѓанецот.
Интерес за Ибањес покажуваат уште ПСЖ, Лестер и Тотенхем, а Рома за неговата слобода бара 35 милиони евра.