Дома Фудбал Англија Се спрема револуција во Англија: Десет измени во еден натпревар?

Се спрема револуција во Англија: Десет измени во еден натпревар?

Добро познато е дека распоредот кој го имаат англиските тимови е еден од најтешките во светот, набрзо во Англија ќе започнат и натпреварот од ФА Купот, па во фудбалската асоцијација бараат начин како да им олеснат на клубовите.

Од она што последно се најавува во англиските медиуми изгледа дека клубовите ќе можат да прават и по 10 измени во еден натпревар за да се спречат повредите. Правилото се очекува да биде активирано во јануари во ФА Куп.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Клубовите ќе можат да направат пет измени во Купот, а ќе добијат уште две ако еден од играчите се повреди, во случај на повреда на два играчи и повреда на глава, тогаш екипата добива уште две дополнителни измени.

Доколку натпреварот отиде во продолженија таму ќе може да биде направена уште една измена која би била десетта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…