Приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на центрачен дефанзивец.
„Росонерите“ се поврзуваа со неколку имиња, а италијанските медиуми пренесуваат дека започнале преговори со дефанзивецот на Тотенхем, Давинсон Санчез.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Санчез пред три години пристигна во Тотенхем од Ајакс за 40 милиони евра и имаше две одлични сезона во дресот на „спарси“.
Оваа сезона Мурињо не му дава голема минутажа, па Колумбиециот е спремен да ја промени средината уште во јануари.
Агентот на 24-годишниот дефанзивец наводно веќе постигнал договор со италијанскиот гигант, а Тотенхем за неговата слобода бара 20 милиони евра.
Милан во наредните денови ќе испрати понуда за позајмица до крајот на сезоната со право на откуп следното лето.