Дома Фудбал Италија Фудбалерот на Аталанта призна дека требало да биде исклучен против Јувентус

Фудбалерот на Аталанта призна дека требало да биде исклучен против Јувентус

Јувентус и Аталанта вчера одиграа 1:1 во 12. коло од Серија А. Трагичар за домаќините беше Кристиано Роналдо кој промаши пенал во 61. минута.

Меѓутоа навивачите на Јувентус го критикуваат судењето и сметаат дека Мартин Де Рон требало да биде исклучен во 52. минута за стартот на Хуан Квардадо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Де Рон на Твитер одговори на еден фан на Јувентус и призна дека направил грешка.

„Требаше да бидеш исклучен за стартот на Квардадо“, му напиша еден фан.

„Се сложувам. Задоцнив и бев прегруб. Се надевам дека на сите им е јасно дека тоа не ми беше намерата. Му се извинувам на Квардадо“, одговори Де Рон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новата сезона на Лигата на шампионите започнува денес

Денес започнува новата сезона на Лигата на шампионите, а ќе заврши на 30 мај 2026 година с…