Дома Фудбал Англија Мурињо: Кој е повреден во Ливерпул? Само Ван Дајк

Мурињо: Кој е повреден во Ливерпул? Само Ван Дајк

Тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо го најави дербито на првиот дел од сезоната во Премиер лигата против Ливерпул и ја коментираше ситуацијата со повредите во двата тима.

„Црвените“ во текот на целата сезона имаат проблеми со повредите бидејќи и на листата повредени се: Ван Дајк, Џо Гомез, Жота, Алкантара, Наби Кеита, Милнер, Шаќири и Констатинос Цимикас. Меѓутоа Мурињо поинаку гледа на работите.

„Мислам дека Алисон не е повреден. Арнолд не е повреден. За Матип верувам дека ќе игра. Фабињо не е повреден, Робертсон не е повреден. Хендерсон и Ванијладум не се повредени. Салах исто. Фирмино не е повреден, Мане не е повреден. Ван Дајк е повреден и тој е одличен играч. Погледнете го списокот на повредени во Ливерпул и споредете го најдобриот тим. Во Ливерпул во овој момент проблем е само повредата на Ван Дајк“, порача Жозе.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Тотенхем се игра денес во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Коло Муани направи операција, но нема да пропушти натпревари на Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Рандал Коло Муани, настрада при победата над Аталанта со 2:0 во нат…