Швајцарскиот репрезентативец и фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија би можел да ја напушти Борусија.
Имено, добрите настапи на овој фудбалер не останаа незабележани, а интерес покажаа неколку клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Помеѓу нив е и актуелниот и германски шампион Баерн кој наводно веќе го контактирал швајцарскиот репрезентативец. Баварците ќе се разделат со Хави Мартинез и во Закарија гледаат идеална замена за Шпанецот.
Трансферот е планиран за лето, а наводно и самиот Закарија е заинтересиран за трансфер во баварскиот гигант.
Кариерата Закарија ја започна во Сервет, од каде што премина во Јанг Бојс за во 2017 година да дојде во Борусија Мехенгладбах.