Дома Фудбал Италија Поранешниот соиграч вчера го провоцирал Роналдо

Поранешниот соиграч вчера го провоцирал Роналдо

Кристиано Роналдо успешно ги реализираше двата пенали и му помогна на Јувентус да дојде до победа на гости против Џенова од 1:3.

Матија Перин на сите начини се обидуваше да го деконцентрира Роналдо, дури и го провоцираше при вториот пенал.

Откако Португалецот без проблеми го погоди првиот, во последните минути изведуваше и втор пенал.

Во тие моменти Перин му се обрати на Роналдо со зборовите: „Повторно ќе шутираш во средина?“.

Роналдо шутираше силно и без проблеми стигна до 79. гол во 100 натпревари за Јувентус. Инаку, Роналдо и Перин беа одлични пријатели додека ја делеа соблекувалната во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Раде Богдановиќ го критикува изборот на Славен Билиќ за селектор на Хрватска

Раде Богдановиќ го изрази своето незадоволство од одлуката Славен Билиќ да стане селектор …