Дома Фудбал Лига на шампиони „Ако некој ми каже дека сум црнец нема да го сметам за навреда“

„Ако некој ми каже дека сум црнец нема да го сметам за навреда“

Натпреварот од 6. коло во ЛШ помеѓу ПСЖ и Башакшехир беше прекинат во 20. минута откако четвртиот судија Себастијан Колетску имаше расистички испад.

Романецот помошниот тренер Пјер Вебо го нарече ‘негро’, после што дојде до прекин на натпреварот и жестоки протести од гостите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најжесток беше Демба Ба кој од главниот судија бараше објаснување за постапката на неговиот помошник.

Поранешниот англиски репрезентативец Мика Ричард сепак тврди дека не би се навредил доколку некој го нарече црнец и дека реакциите на Демба Ба и Вебо се претерани.

„Некој да влезе сега во оваа просторија и за мене да каже ‘тој црнец’ нема тоа да го сметам како навреда туку како опис. Ако е вистина тоа што се зборува околу вечерашниот инцидент, тогаш сметам дека реакциите на Демба Ба и Вебо се претерани. Треба да го сочекаме целосниот извештај, можеби има нешто што не знаеме.“ – рече Ричард.

Продолжението од натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир е закажан за денеска од 18:55 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…