Дома Фудбал Каземиро: Ако одиме во Лига Европа, сакаме да ја освоиме

Каземиро: Ако одиме во Лига Европа, сакаме да ја освоиме

Играчот за врска на Реал Мадрид, Каземиро не сака да размислува за можноста „кралевите“ да не се пласираат во нокаут фазата од Лигата на шампиони.

Сепак, призна дека ако се случи Реал Мадрид да продолжи во Лига Европа, тогаш ќе дадат се за да го освојат тој турнир.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако не успееме да продолжиме во Лигата на шампиони ќе бидеме разочарани. Но, ако одиме во Лига Европа, тогаш ќе се потрудиме да ја освоме. Мислиме само на победа против Мехенгладбах“, изјави Каземиро.

„Подготовките во предсезоната не беа добри, но не сакам да барам оправдувања. Играме на секои два дена и тоа е голем проблем за многу клубови. Работиме за да ги решиме проблемите бидејќи овој клуб живее само за трофеи“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…