Според информациите на португалските новинари македонскиот фудбалер Елиф Елмас е на мета на Бенфика.
Португалскиот медиум „ТВИ24“ објави дека Бенфика би можела да испрати понуда за Елмас во јануарскиот преоден рок. Како што се наведува, Елмас бил голема желба на стратегот на Бенфика, Жорге Жесус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се додава дека желбата на Бенфика е да го доведе Елмас на позајмица, опција која и повеќе би одговарала за Наполи, но не е исклучена можноста и за целосна продажба.
Елмас во август со Наполи потпиша договор до 2025 година, а во Наполи дојде минатата година од турскиот Фенербахче. Оваа сезона под палката на Гатузо Елмас собра седум настапи во Серија А и постигна еден гол.
Eljif Elmas na rota do Benfica.
— Diário de Transferências (@DTransferencias) December 7, 2020
Segundo a @tvi24pt, o Benfica está interessado no médio de 21 anos.
O atleta tem contrato com o Napoli até Junho de 2025. pic.twitter.com/b4ful368Nq