Италијанските медиуми тврдат дека Кристиан Ериксен во јануари готово сигурно ќе го напушти Интер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ериксен не е задоволен од минутажата која ја има на „Џузепе Меаца“ и затоа планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.
Интерес за Ериксен покажува ПСЖ, кој уште во летниот преоден рок се обиде да го донесе во Париз.
Интер сака да ја искористи ситуацијата и е спремен на „светците“ да им понуди трампа, така што да го добие потписот на Леандро Паредес.
Паредес е голема желба на Антонио Конте кој смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра, притоа има големо искуство во Серија А.