Дома Фудбал Англија Руни ги осуди навивачите: Бев сведок на срамно однесување

Руни ги осуди навивачите: Бев сведок на срамно однесување

Вејн Руни од неодамна седна на клупата на Дерби Каунти во улога на привремен тренер.

За викендот Дерби го совлада Милвол со минимални 1:0, натпреварот беше обележан со враќањето на навивачите на трибините.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, во првиот натпревар на трибините тие не се однесуваа како што доликува. Имено, додека играчите клекнаа во знак на поддршка на кампањата „Black Lives Matter“ од трибините можеа да се слушнат навреди и свирежи.

Ваквото однесување на навивачите го осуди и Руни.

„Знаевме за можните проблеми, но не можевме да се припремиме за она што го слушнавме. Бев сведок на срамно однесување“, порача помеѓу другото Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сестрата на Кристијано Роналдо објасни зошто Португалецот не оди на погреби

Во португалскиот град Гондомар се одржа последното проштално збогување на Диого Жота и нег…