Како и обично на почетокот на сезоната навивачите на Арсенал се надеваат на најдоброто меѓутоа како што одминува првенството поради резултатите амбициите се намалуваат.
Вчера во дербито против Тотенхем Арсенал запиша нов пораз, „петлите“ славеа со сигурни 2:0, головите ги постигнаа Хеунг-Мин Сон и Хари Кејн. Вториот гол Тотенхем го постигна после контра, неколку секунди пред напаѓачот Томас Парти да тргне да излегува од теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Парти се пожали на повреда и кривеше до аут линијата, а кога виде дека може да биде опасно Артета го врати на теренот. Парти се затрча назад, но веќе беше предоцна.
Mourinho celebration 😂 pic.twitter.com/SnxLM8Rkhb
— Lyndio Sport (@LyndioSport) December 6, 2020