Во рамките од 15. коло во македонската прва лига денес играа Борец и Шкендија.
Натпреварот во Велес го доби Шкендија со 0:2 иако Борец дефинитивно не заслужи да изгуби. Шкендија до водство дојде преку Ибраими од пенал во 25. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во вториот дел видовме уште еден гол, но и неколку спорни моменти. Прво велешани жестоко протестираа за недосуден пенал после играта со рака во шеснаесетникот на Шкендија.
Дополнително луѓето во велешкиот тим ги разбесни ситуацијата во 84. минута кога Шкендија преку Дориев стигна до 0:2. Камерите немаа најдобар агол, па точно не може да се утврди дали Дориев беше во офсајд при додавањето кое одеше кон него. Во Борец беа убедени дека тука има офсајд.
Шкендија на крајот ги запиша трите бода и ќе остане прва со пет бода пред Шкупи и седум пред Македонија Ѓорче Петров кои имаат натпревар помалку.