Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид има важна порака за Флорентино Перез и Зинедин Зидан во врска со заслуањето кое Реал сака да го доведе ова лето.
„Овде нема да дојде“, е ставот на Рамос за Леонардо Бонучи, дефанзивецот на Јувентус кој е голема желба на претседателот и тренерот на Реал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Рамос, командантот на екипата и одбраната како свој партнер во стоперскиот тандем го гледа само Рафаел Варан, младиот француски стопер.
„Diario Gol“ пишува дека Перез е подготвен да испрати понуда до Јувентус, но потоа следуваше реакцијата на Рамос, кој смета дека младиот играч мора да добие повеќе простор во Реал Мадрид, и дека купување на играч што има повеќе од 30 години е промашена инвестиција.
Рамос се согласува со купување на Хесус Валехо и Давинсон Санчез, кој исто така се на трансфер листата, а додаде став дека на Реал не му требаат ветерани, туку идни ѕвезди.