Дома Фудбал Maксимално ја користи шансата: Откако овој човек игра Барса не примила гол

Maксимално ја користи шансата: Откако овој човек игра Барса не примила гол

Барселона се соочи со проблеми со повредени играчи па Роналд Куман мораше да го прекомандува Оскар Мигуеза во првиот тим.

Навивачите секако стравуваа како ќе изгледа одбраната со 22 годишниот Мигуеза, а тој засега работата си ја врши одлично. Статистиката покажува одлични бројки во корист на младиот дефанизвец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, откако тој почна да игра во одбраната Барселона не примила ниту еден гол и постигнала 11. Во три натпревари Барса го победи Динамо Киев со 4:0, Осасуна со 4:0 и Ференцварош со 3:0.

Коментарите за младиот Мигуеза се одлични, навивачите го фалат дека знае одлично да ја чита играта. Очигледно на најдобар можен начин ги искористи проблемите во одбраната на Барселона.

Кога Мигуеза игра вака ќе видиме каква ќе биде ситуацијата кога ќе се вратат Араухо и Пике, Куман ќе биде на слатки маки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…