Дома Фудбал Англија Солскјер ја призна грешката: Требаше да го заменам Фред

Солскјер ја призна грешката: Требаше да го заменам Фред

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер призна дека погрешил што не го замени Фред на полувремето од дуелот со ПСЖ.

Бразилецот во првото полувреме доби жолт картон, а во вториот дел поради еден старт доби и втор жолт, па мораше предвреме да го заврши мечот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Во првиот случај Фред имаше среќа што остана на теренот. Не требаше да го прави тоа, но имаше среќа што судијата му додели само жолт картон. Да, на полувремето мислев да го заменам, зборувавме и требаше да остане мирен. Сега гледам дека било грешка што не го заменив порано“, изјави Солскјер.

„Разочарани сме што не успеавме да се пласираме во следната фаза уште сега. Но, судбината е во наши раце, ако победиме во последниот меч, одиме понатаму“, додаде Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер Мајами прави клучен чекор во задржувањето на Меси!

Фудбалскиот клуб Интер Мајами води сериозни преговори со Атлетико Мадрид за трансферот на …