
Серхио Рамос важи за еден од фудбалерите кои многу часови поминува во теретана, па затоа изгради и тело какво што има.
Со последното видео од теретана Серхио Рамос веројатно на шега испрати провокација до Ирецот, Конор Мекгрегор.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Јас сум спремен, каде и кога и да сакаш“, порача Шпанецот со фотографија од теретана.
Не се чекаше многу и за одговор од Конор.
„Биди спремен, брате Серхио. Има голема борба пред нас“, возврати Конор.
И би имал ли Рамос некакви шанси во една таква борба со Конор?
