Диего Марадона го напушти овој свет пред шест дена, но за него и понатаму се пишува и се објавуваат разни детали.
Во Италија Марадона играше за Наполи и таму го сметаат за божество, меѓутоа по него тагува целиот свет. Сепак легендата на Јувентус Антонио Кабрини пред неколку дена даде изјава со која навреди многумина во Неапол.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ако Диего играше за Јувентус сега ќе беше жив“, гласеше изјавата на Кабрини.
Сега на Кабрини му одговори поранешниот претседател на Наполи, Корадо Ферлаино.
„Оној играчот кој се обиде да си го одземе живтот фрлајќи се од зграда, како се викаше? Песото, така е. Ако играше за Наполи немаше да се фрли од зграда“, одговори Ферлаино.
Џанлука Песото беше симбол на Јувентус во 90-тите, а во летото во 2006 година се фрли од четврти спрат од седиштето на Јувентус затоа што клубот беше казнет со одземање на две Скудета и исфрлање во втора лига поради наместени натпревари.