Со 54 години Мајк Тајсон одлучи да се врати во рингот.
Борбата против Рој Џонс заврши нерешено, но челичниот Мајк во неколку наврати покажа зошто беше најмладиот шампион во тешка категорија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тајсон изгледаше одлично подготвен. Рој Џонс немаше одговор и практично бегаше во рингот за да избегне удари.
Иако влезе во шестата деценија, контроверзниот Тајсон покажа дека се уште има експлозивност, но и сила во неговите удари.
„Тешко е да примате удари од Мајк, треба да видам со семејството дали ова повторно да го работам.“ – беше првата изјава на Џонс после натпреварот.
Iron Mike at 54 years old? #TysonJones pic.twitter.com/ZQVaWYE3P9
— Adam ? (@Oles_Time) November 29, 2020
Тајсон најави наскоро нова борба.
„Некогаш две минути се чинеа три. Среќен сум што повторно се вратив во рингот, апсолутно ќе продолжам да одам напред и да одржам уште неколку борби.“ – порача легендарниот Американец.