Фудбалскиот свет се простува од Диего Марадона, сите кои го познаваа споделуваат анегодоти за него, а останатите зборуваат што претставувал во нивните животи.
Така и Нејмар, ѕвездата на ПСЖ и еден од најдобрите фудбалери на денешницата објасни зошто го смета Диего за најголем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марадона претставува фудбал. Кога првпат се заљубив во фудбалот, ги знаев имињата на сите најважни фудбалери и тука секогаш беа Пеле и Марадона. Среда беше многу тажен ден за сите љубители на фудбалот. Тој замина, но остана неговото наследство и мислам дека тоа засекогаш ќе живее во фудбалот“.
„Фудбалот му се заблагодарува на Диего што го избра овој спорт, а јас сум среќен што се занимавам со истиот спорт кој тој го играл. Мислам дека ги допре сите луѓе кои го гледаа како игра, на многумина им ги разубави животите и тоа е најважното наследство кое го остави“, изјави Нејмар.