На Интер не му оди баш најдобро оваа сезона. Посебно не во Лигата на шампионите, каде што после поразите од Реал и Милан се наоѓа на чекор од елиминација. Секако во ваква ситуација секогаш критики има за тренерот.
Со оглед дека тимот игра послабо од минатата сезона многу се запрашаа дали играчите работат против Конте. Сепак, искусниот тренер ја отфрлува таа можност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако бидам сменет до Божиќ тоа ќе биде затоа што не сум ја оправдал довербата, а не затоа што некој ми работи зад грб. Тоа се глупости. Има уште многу работа да направиме и ќе видиме како ќе изгледа тоа до Божиќ“, изјави Конте.
Интер во овој момент е петти на табелата во Серија А со пет бода помалку од градскиот ривал Милан кој е лидер. Во Лигата на шампионите Интер се наоѓа на последното место, а на две кола пред крајот второпласираниот Реал му бега пет бодови, а првопласираната Борусија Менхенгладбах шест бодови. За да се пласира во наредната фаза Интер мора да ги добие натпреварите со Борусија и Шахтјор и Борусија да го изгуби натпреварот со Реал.