Дома Останати Кошарка Кошаркарите го одработија првиот тренинг во Талин ?

Кошаркарите го одработија првиот тренинг во Талин ?

Во полн состав, со сите 12. кошаркари кои селекторот Тодоров ги има на располагање, е одработен првиот тренинг во Талин.

Најсилната македонска кошаркарска селекција пред малку го заврши првиот тренинг во Талин. По претпладневиот одмор, кој добро им дојде на сите во нашата експедиција, селекторот Александар Тодоров ги поведе своите избраници во „Саку Сурхал“ Арената, каде на 28. и на 30. ноември нè чекаат двата квалификациски натпревари во овој ноемвриски „прозорец“ на ФИБА.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На првиот тренинг кој го проследија и претседателот Перо Антиќ и генералниот секретар на нашата федерација Владимир Георгиевски, се појави и уште едно добро познато лице.

Турскиот стручњак за физичка подготовка Ерен Хангун, кој во наредните неколку дена ќе ја одржува кондицијата на нашиот национален тим и тоа како потребна за дуелите со селекциите на Италија и на Естонија.

Ова беше и прв официјален заеднички тренинг на Џејкоб Вајли со останатите соиграчи во нашиот национален тим, вклучително и капитенот Војдан Стојановски, кој поради клупски обврски, исто така ги прескокна оние уводни тренинзи во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Еуфорија во Белград: Навивачите на Партизан до доцна во ноќта ја славеа победата над Звезда 🎥

Кошаркарите на Партизан вчера славеа важна победа против Црвена Звезда во Еввролигата во р…