16 годишниот фудбалер Дашмир Елези го обележи изминатото коло во македонската прва лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Супер талентот на Шкендија дебитираше за Шкендија на само 16 години и еден ден и успеа да постигне важен гол во дербито со Шкупи.
Елези сега зборуваше за официјалниот сајт на Шкендија.
„Сонував за едно вакво деби за Шкендија. Чувството не се опишува, ова е се што посакував од детството. Едвај чекав да заиграм за првиот тим и напорно работев за ова да се случи. Секако ова за мене ќе биде само мотив да работам уште повеќе и да ги остварам целите кои ги имам зацртано“, изјави Елези.
Фото: Шкендија