Дома Фудбал Куман: Што можам повеќе да направам?

Куман: Што можам повеќе да направам?

Барселона загуби ново дерби. После Реал, Каталонците ги победи и Атлетико со минимални 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот на Ванда Метрополитано се реши во судијското продолжение на првото полувреме кога после грешката на Тер Штеген, Караско погоди за водство.

„Имавме две чисти шанси да изедначиме. Се согласувам дека тоа не беше доволно, но секогаш е тешко да се креираат шанси против ваков противник. Добро се бранат. Голот го постигнаа после наша грешка.“ – рече Куман после натпреварот и додаде:

„Работиме, се обидувам да го извлечам најдоброто од тимот на секој натпревар…Што можам повеќе да направам?“

Барселона после синоќешниот пораз е на десетото место на табелата и веројатно на Камп Ноу следува уште една тешка и долга сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…