Игор Стефановски Иџе денес го освои шестото место на првата трка во натпреварувачкиот викенд на патеката Имола во рамките од ТЦР Италија шампионатот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иџе стартуваше како седми, имаше борба и за петтата позиција, но на крајот заврши како шести. Од оваа трка освои осум бода и сега во генералниот пласман е на вкупно 60.
На денешната трка победи Микел Аскона, а зад него завршија Џонатан Џакон и Феличе Џелмини.
Утрешната трка се вози во 12:40 часот.