Дома Останати Кошарка НБА Нема среќа: Нова тешка повреда за Клеј Томпсон

Нема среќа: Нова тешка повреда за Клеј Томпсон

Eден од најдобрите шутери во историјата на НБА, Клеј Томпсон се повреди на тренингот во Калифорнија, а изгледа дека сериозно ја повредил ахиловата тетива, пишуваат американските медиуми.

Следните денови ќе има прегледи за да се утврди тежината на повредата, но поголем број медиуми пренесуваат дека вестите не се добри. Ако се работи за руптура на ахиловата тетива тоа значи дека Клеј Томпсон ги доживеал двете најтешки повреди во кошарката за помалку од една година.

Имено, Томпсон минатата сезона воопшто не играше затоа што се повреди против Торонто во финалето 2019.

Томпсон е трикратен НБА шампион, а после ваквата вест неговите колеги му испратија пораки на поддршка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…