Дома Фудбал Англија Ливерпул му понуди богат договор на Вајналдум

Ливерпул му понуди богат договор на Вајналдум

Ливерпул сака да го задржи Жоржињо Вајналдум и му предложил нов, побогат договор.

Актуелниот договор на 30-годишниот Холанѓанец истекува на крајот на сезоната, а тоа значи дека во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со друг клуб.

За Вајналдум интерес уште во летото покажуваше Барселона, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Интер.

Според „Мирор“ Вајналдум побарал од Ливерпул 4-годишен договор, но „црвените“ му нудат договор на 3 години. Меѓутоа, клубот му нуди значително зголемување на платата, од актуелните 75.000 фунти неделно на 105.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчини: „Недостига Вјали, но среќен сум што проблемите во ФИГЦ се решени“

Роберто Манчини изрази почит кон Џанлука Вјали и се радува што проблемите во ФИГЦ се решен…