Иднината на Серхио Рамос во последно време е главна тема во спортските медиуми.
Капитенот на Реал Мадрид влезе во последната година од договорот и се уште не може да се договори со „кралевите“ за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски гиганти, пред се ПСЖ кој му нуди 20 милиони евра по сезона на 34-годишниот дефанзивец.
Денес на оваа тема се огласи таткото на Серхио Рамос, кој тврди дека е оптимист дека неговиот син ќе остане во Реал Мадрид.
„Комплетно сум смирен на оваа тема и сум голем оптимист. Верувам дека мојот син ќе остане и дека на крајот се ќе се реши меѓу него и претседателот“, изјави Хосе Марија Рамос.