Контроверзниот агент, Мино Раиола денеска ќе отпатува во Париз на средба со лидерите на ПСЖ, за да преговара околку продолжување на договорот за Блез Матуиди.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според пишувањата на италијанскиот „Tuttosport“, доколку Раиола не се договори со ПСЖ, Матуиди во своите редови ќе се обиде да го доведе Јувентус.
Клубот од Торино првично го сакаше Стивен Н`Зонзи, но Севиља се уште не се согласи со понудата на италијанскиот шампион.
Потсетуваме дека Матуиди има уште една година договор со ПСЖ и доколку не се согласи за продолжување на договорот, ПСЖ ќе мора да го продаде за следното лето не си замине без надомест.