Дома Фудбал Одлични вести за Јувентус и Пирло

Одлични вести за Јувентус и Пирло

Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт е целосно рехабилитиран од повредата и после репрезентативната пауза ќе му биде на располагање на тренерот Андреа Пирло.

Холанѓанецот имаше операција на рамото во август и се уште нема одиграно ни една минута оваа сезона.

Де Лихт веќе неколку недели тренира заедно со соиграчите и ќе му биде на располагање на Пирло за следниот меч против Каљари на 21-ви ноември.

Ова е одлична вест бидејќи денес клубот соопшти дека поради повреда Киелини ќе отсуствува уште еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шест месеци чекаше за една минута: Прпиќ повторно доби шанса во Порто

Доминик Прпиќ влезе во финишот на победата над Виторија Гимараеш, со која Порто го продолж…