Ренато Санчез може да добие втора шанса да се покаже во Премиер лигата, пренесуваат медиумите на Островот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалецот пред три сезони имаше исклучителна слаба сезона во Свонси, но ја „оживеа“ својата кариера во Лил.
Ренато Санчез важеше за најголем европски талент кога се пресели во Баерн Минхен и во последно време почна конечно да го покажува својот потенцијал.
Сериозен интерес за неговиот потпис покажува Вулверхемптон, кој ќе се обиде да го донесе во своите редови уште во јануари.
Санчез сака да се докаже во Премиер лигата, а Лил за неговата слобода бара 40 милиони евра.