Дома Македонски спорт Муслиу: Ќе гинеме на терен за да ја однесеме Македонија на ЕП!

Муслиу: Ќе гинеме на терен за да ја однесеме Македонија на ЕП!

Репрезентативците денес се собираат за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал, против Грузија во четврток.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Македонија во четврток против Грузија ќе игра за пласман на едно Европско првенство кое толку долго го чекаме. Стоперот на репрезентацијата Висар Муслиу пред овој дуел порача дека прво сака се да биде во ред со сите репрезентативци.

„Најпрво сакам сите да бидеме здрави и со сите се да биде како што треба. Мораме да се подготвиме колку што е можно подобро, знаеме што ни следи и што ни носи овој натпревар, на ова чекаме три години. Ќе гинеме на терен за да ја однесеме Македонија на ЕП“.

Муслиу очекува поразличен натпревар во однос на претходните два.

„Претходните натпревари беа поинакви, ова е еден сосема поинаков, мислам дека сме подготвени да дадеме се од себе и да победиме“, изјави Муслиу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шок за Роналдо и Меси: Преку ноќ останаа без милиони следбеници на Инстаграм, еве што се случи

Изминатата ноќ, Инстаграм изврши масовно бришење на лажни профили и ботови, и најголем уда…