Од судењето во македонската прва лига незадоволни има скоро после секое коло, денес по тетовското дерби се жалеше Ренова.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ренова беше поразена од Шкендија со 1:3. Тие се жалат на досудениот пенал во корист на Шкендија затоа што стартот е надвор од шеснаесетникот.
На социјалните мрежи Ренова објави фотографии од таа ситуација со опис:
„Пак пенал против Ренова. Вака изгледа кога суди судија што цело време е во обложувалница“.
