Дома Македонски спорт И против Грузија би можеле да играме без Елмас!?

И против Грузија би можеле да играме без Елмас!?

На 12. ноември Македонија ја очекува финале во баражот за Европското првенство против селекцијата на Грузија и за овој натпревар можеби повторно ќе бидеме без еден од нашите најдобри играчи, Елиф Елмас.

Елмас поради позитивен тест на Ковид-19 го пропушти полуфиналето против Косово и натпреварите со Естонија и Грузија во новата сезона од Лигата на Нации. Сега проблем на Елмас може да му направи Аурелио Де Лаурентис, првиот човек на Наполи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ објави дека Де Лаурентис заедно со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели имаат намера да ги бојкотираат репрезентациите и да не ги пуштат своите фудбалери да настапуваат за ноемвриските натпревари.

Наводно првите клубови на овие два италијански клуба се загрижени поради ситуацијата со Ковид-19 и сметаат дека патувањето и контактот со повеќе луѓе е преголем ризик во овој период.

Меѓутоа, прашање е дали клубовите се доволно моќни да забранат такво нешто, секако тука постои опција да реагираат ФИФА и УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Tрамп има луд план: Сака УФЦ спектакл во „Белата куќа“ пред 25.000 гледачи!

Американскиот претседател Доналд Трамп објави возбудлив план за организирање на UFC борба …