Дома Фудбал Ван Перси: Јунајтед и неговите играчи го прекршија златното правило на Сер Алекс

Ван Перси: Јунајтед и неговите играчи го прекршија златното правило на Сер Алекс

Холанѓанецот Робин ван Перси, поранешниот напаѓач на Јунајтед им се придружи на Сколс и другите легенди на клубот кои критикуваа после поразот од Башакшехир во ЛШ и трагикомичниот погодок кој Јунајтед го прими во првото полувреме.

РВП вели дека ваков натпревар никогаш нема да се случи ако тренер е Сер Алекс:

„Не се трудеа доволно. Требаше да бидат пожестоки во дуелите и да дадат се од себе.“ – рече во интервју за БТ Спорт.

„Во мое време Ферги имаше златно правило. Не е проблем да го загубиш натпреварот, но не смее да се дозволи да трчиме помалку од противникот. Сакаше секогаш да покажеме желба и посветеност.“ – продолжи холандскиот напаѓач.

„Мислам дека Башакшехир истрча повеќе од Јунајтед. Тоа не смее да се случи ниту во еден натпревар. Тоа не е прашање на квалитет, туку желба и концентрација.“ – заклучи Ван Перси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …