Серхио Рамос без дилема е еден од најдобрите дефанзивци во светот, веќе 15 години е дел од Реал Мадрид каде стекна легендарен статус.
Рамос неколку сезони е капитен на „кралевите“ и е вистински лидер на теренот. Сепак, јасно е дека тој веќе полека влегува во финишот на својата кариера затоа што неодамна го прослави својот 34 роденден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој има уште неколку месеци од договорот со Реал и побара истиот да му биде продолжен бидејќи смета дека уште неколку сезони може да игра на врвно ниво.
Меѓутоа, Реал Мадрид се уште не му понудил нов договор и не се започнати преговори за продолжување на соработката. Претседателот Перез сака да му понуди едногидишен договор, на што дефанзивецот не се согласува.
Во меѓувреме ситуацијата внимателно ја следат Пари Сент Жермен и Јувентус кои се спремни да му понудат богат договор на Рамос.