Дома Фудбал Солскјер: Не знам дали ќе ми дадат отказ

Солскјер: Не знам дали ќе ми дадат отказ

Maнчестер Јунајтед вчера доживеа ново разочарување и изгуби на гости кај Башакшехир со 2:1 и така притисокот на Солскјер уште повеќе се зголеми.

Норвежанецот е под притисок уште од дебаклот со Тотенхем (1:6), но до овој момент раководството му искажуваше поддршка, сепак јасно е дека Јунајтед не игра на нивото на кое се очекува.

„Не знам дали ќе ми дадат отказ. Јас сум вработен во клубот и правам се за мојот тим да игра најдобро што може. Почеток на сезоната е и се е отворено, најважно е да не се предадеме“.

Против Башакешхир Јунајтед прими голови какви што не смееше, посебно тука мислиме на првиот кога одбраната ја немаше никаде.

„Гол како првиот не смееме да примиме, во вториот не се организиравме како што треба. Овој пораз не носи чекор назад, но ова е ЛШ и никогаш не е лесно да победите. Мораме да се собереме и веќе во сабота да прикажеме подобра игра“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невремето го менува фудбалскиот распоред: УЕФА одложи натпревари во Португалија

Бурата Чарлс донесе предупредувања за силен ветер и обилни врнежи, поради што УЕФА одложи …