Дома Трансфер зона Гигантите ја започнаа битката за Давид Алаба

Гигантите ја започнаа битката за Давид Алаба

Ѕвездата на Баерн Минхен, Давид Алаба е на мета на најголемите европски гиганти, откако стана јасно дека нема да го продолжи договорот со Баварците.

Баерн вчера потврди дека ги прекинува преговорите со Алаба, чиј договор истекува на крајот на сезоната, па сега гигантите се „тепаат“ за неговиот потпис.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„АС“ тврди дека Алаба е голема желба на Реал Мадрид, но Барселона исто така ќе влезе во битката за неговиот потпис, особено поради фактот што играчот ќе биде слободен агент.

ПСЖ, Јувентус, Манчестер Сити и Ливерпул исто така покажуваат сериозен интерес за Австриецот, па се очекува наскоро да стапат во контакт со неговиот агент.

Весникот тврди дека Реал Мадрид и Барселона се во предност пред останатите клубови бидејќи Алаба преферира да се пресели во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…