Дома Фудбал Останато Покетино: Тотенхем со Мурињо може до трофеј

Покетино: Тотенхем со Мурињо може до трофеј

Поранешниот тренер на Тотенхем Маурисио Покетино смета дека неговиот поранешен клуб може до трофеј сега кога на клупата го има Жозе Мурињо.

Аргентинецот одлично го водеше Тотенхем, играше финале во Лигата на шампионите со овој клуб, но никогаш не освои трофеј.

„Се надевам и верувам дека оваа група на фудбалери со Мурињо може до трофеј. Целиот клуб и навивачите тоа го заслужија“, изјави Покетино.

Призна Покетино и дека финалето во ЛШ било врвот на неговата кариера во Тотенхем.

„По тој натпревар повеќе немаше сила, ниту енергија, едноставно тоа беше мојот врв во Тотенхем“, призна Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчини незадоволен од ремито со Франција

Роберто Манчини изрази незадоволство по ремито на Италија против Франција, иако многумина …