Дома Фудбал Поради скандалот со девојката Гигс привремено нема да биде селектор на Велс

Поради скандалот со девојката Гигс привремено нема да биде селектор на Велс

По скандалот со неговата девојката Гигс нема да го води Велс во наредните натпревари.

Имено, медиумите објавија дека легендата на Манчестер Јунајтед физички ја нападнал неговата девојка. Гигс подоцна ги демантираше таквите обвинувања, тврдејќи дека ништо не се случило.

Сепак, поради целиот случај тој одлучи привремено да се повлече од селекторската позиција на Велс и нема да ја води репрезентацијата во натпреварите против САД, Ирска и Финска кои се играат овој месец. Во зависност од тоа во кој правец ќе се развива ситуацијата Гигс ќе одлучи дали ќе се врати на позицијата.

Во споменатите три натпревари Велс ќе го предводи помошникот на Гигс, Роберт Пејџ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР не ја исправил грешката: Вардар останал без пенал при негатива од 0-1

Судискиот одбор утврди пропусти во проверката на играњето со рака во 37. минута против Тик…