Дома Фудбал Италија Буфон против Специја покажа што значи почит кон соиграч

Буфон против Специја покажа што значи почит кон соиграч

Џанлуиџи Буфон против Специја го запиша својот 651 натпревар во Серија А и така дополнително го поправи својот рекорд.

Буфон е вистинска легенда на Јувентус, а во финишот од натпреварот против Специја покажа што значи да се има почит кон соиграчот. Откако Леонардо Бонучи излезе од игра требаше некој да ја превземе капитенската лента. Логичен избор беше Буфон затоа што ова му е 19. сезона во Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, 42 годишниот голман капитенската лента му ја даде на Хуан Квардадо бидејќи Колумбиецот во овој момент има подолг стаж без прекин во торинскиот клуб. Имено, Буфон сезоната 2018/2019 ја помина во ПСЖ па се врати во Јувентус.

На Буфон и тогаш му беше понудена капитенската лента, но легендарниот голман го одби тој предлог.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола: И да испаднеме во петта лига, останувам во Сити

Шпанскиот селектор Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити каде ја …