Дома Фудбал Останато Траоре шокиран од својата оценка на ФИФА: Како е можно ова!? ?

Траоре шокиран од својата оценка на ФИФА: Како е можно ова!? ?

„ЕА Спортс“ на почетокот на овој месец ја пушти во продажба новата верзија на популарната видео игра ФИФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ФИФА 21 за само неколку недели стана вистински хит помеѓу љубителите на видео игрите кои со нетрепение го очекаа 6. октомври кога во продажба беше пуштена новата верзија.

Меѓутоа и овој пат многумина имаа приговор за оценката на одредени фудбалери, се огласуваа и самите играчи. Еден од оние кои се огласија беше и Адама Траоре.

Траоре е еден од најсилните фудбалери и изгледа како терминатор, но за сила доби оценка од 75 и порача дека неговиот соиграч Доверти има подобра оценка и за него тоа е смешно. Исто така е не е задоволен и од својата дефанзивна оценка која изнесува 31.

„Ма дајте, во обрана сума како да постојам. Навистина за сила 75? Тоа морате да го смените. Не е можно Доверти да има 78, а јас 75 за сила. Тоа е баш невозможно“, порача Адама.

Инаку, вкупната оценка на Траоре на играта е 74.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …