Дома Фудбал Куман: Нашата најдобра игра сезонава

Куман: Нашата најдобра игра сезонава

Тренерот на Барселона, Роналд Куман остана многу задоволен од играта на својот тим после победата над Јувентус во Лигата на шампиони.

Барселона победи во Торино со 2:0, а Куман после мечот истакна дека ова била најдобрата игра на Каталонците од почетокот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ова е нашата најдобра игра во сезоната. Многу важна победа против силен европски тим, успеавме да му го наметнеме својот фудбал на противникот. Сакав да играм со тројца дефанзивци, така што еден играч ќе се турка напред и ќе создаде вишок на средината на теренот. Благодарение на ова, создадовме многу шанси за гол и, да бидам искрен, требаше да го решиме исходот на натпреварот многу порано“.

„Презадоволен сум од фудбалот што го игравме, задоволен од резултатот и карактерот што ги покажа мојот тим“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инсиње пред враќање во Серија А

Поранешниот италијански репрезентативец Лоренцо Инсиње (34) би можел да се врати во Серија…