Серхио Рамос е апсолутен лидер и жива легенда на Реал Мадрид, фудбалер од клучно значење за „кралевите“ на теренот и надвор од него.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Дејли Мејл“ пишува дека Рамос во соблекувалната се конфронтирал со две големи ѕвезди поради нивниот лош настап. Капитенот на Реал „удрил“ по Иско и Марсело, кои според него не се трудат доволно кога ќе добијат шанса на теренот.
Вербалната пресметка се случила по „Ел Класико“, но шпанските медиуми оваа приказна ја објавија по мечот против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампиони
Дека нешто не е во ред во соблекувалната на „кралевите“ потврди и фактот дека тренерот Зинедин Зидан во Германија не им даде шанса на двајцата фудбалери, а Реал едвај се спаси од пораз.