Дома Фудбал Лига на шампиони Реал се спаси од срам, Ливерпул и Сити сигурни?

Реал се спаси од срам, Ливерпул и Сити сигурни?

Реал Мадрид беше на чекор од бездна и се спаси од пораз против Мехенгладбах, останатите фаворит вечерва беа сигурни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид после потразот во првото коло вечерва немаше право на кикс, но не тргнаа добро работите за Зидан.

Реал имаше иницијатива од самиот старт, но домаќините први дојдоа во водство со голот на Турам, а со тој резултат се замина на полувреме.

Во вториот дел Зидан во игра ги стави Азар и Модриќ, но наместо израмнување Турам зголеми на 2:0. „Кралевите“ успеаа да се спасат од пораз со головите на Бенезема и Каземиро во последните пет минути.

Ливерпул иако со мешан состав беше сигурен против Митиланд (2:0), додека Сити беше убедлив на гостувањето кај Марсеј (0:3).

Атлетико Мадрид се намачи, но сепак стигна до победа против Салцбург, додека Аталанта анулираше два гола негатива и стигна до бод против Ајакс (2:2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Селекторот на Иран збесна поради третманот на Мундијалот: Џани, реагирај!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Иран, Амир Галеноеи, го обвини домаќинот на Св…