Дома Топ вести Во Барселона ќе бидат бесни: Објавена е аудио снимката од раговорот на ВАР судијата со Мунера

Во Барселона ќе бидат бесни: Објавена е аудио снимката од раговорот на ВАР судијата со Мунера

Реал Мадрид за викендот на гости ја победи Барселона со 3:1

„Кралевите“ успеаа да дојдат до важна победа и да ги прекинат лошите резултати, но после мечот најмногу се зборува за главниот судиј Мартинез Мунера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мунера се најде на мета поради пеналот кој го досуди за Реал Мадрид кон средината на второто полувреме. Тој покажа на белата точка бидејќи сметаше дека Ленгле доволно го влечеше Рамос за најсторга казна.

Одлуката Мунера ја донесе после прегледувањето на ВАР снимката. Денес шпанските објавија дека се појавила аудио снимка со разговорот на Мунера и луѓето во ВАР собата од тој момент.

ВАР асистент беше Марија Санчез Мартинез кој јасно му кажал на Мунера да не суди пенал затоа што нема доволно елементи за таква одлука. Но, тој потоа сам одлучил да досуди пенал.

Исто така и еден од помошниците на теренот му сугерирал на Мунера дека во таа ситуација Рамос направил фаул, а не Ленгле. Сепак, Мунера ги игнорирал и сметал дека треба да има пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…