Дома Фудбал Останато Бразил има нова ѕвезда: Со 15 години го надмина Пеле?

Бразил има нова ѕвезда: Со 15 години го надмина Пеле?

Анџело Боргес Габриел е новата бразилска ѕевзда за која многу ќе се зборува во иднина.

Тој дебитираше за првиот тим на Сантос со само 15 години и 10 месеци, со што го надмина легендарниот Пеле.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пеле дебитираше на 15 години и 11 месеци, но за разлика од Габриел тој запиша гол во дебитантскиот настап.

Габриел важи за еден од најголемите бразилски таленти и неговите игри во помладите категории за Сантос го привлекоа вниманието на многу скаути ширум светот.

Во Бразил веќе го доби епитетот „новиот Нејмар“, а дали ќе достигне толкава висина на популарност, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола пронајде нова „машина“ за средниот ред – ќе се обиде да го ангажира со сите сили следното лето

Карлос Балеба, младиот играч за врска на Брајтон, се најде на радарот на Пеп Гвардиола и М…