Дома Останати Познато што ќе работи Кабиб во иднина

Познато што ќе работи Кабиб во иднина

Кабиб Нурмагомедов ја одбрани титулата во УФЦ против Гатје, а потоа порача дека повеќе не сака да се бори без неговиот татко кој почина пред неколку месеци.

Тој како апсолутен шампион заминува во пензија со скор 29:0 и како еден од најдобрите борци во историјата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Не е познато дали Кабиб ќе се врати во кафезот некогаш во иднина, но познато е тоа што ќе го работи. Имено, тој потврди дека во иднина ќе биде тренер и ќе ги тренира новите борци.

„Има многу млади борци на кои може да им го пренесам моето знаење. Мојот тим повторно ќе биде на врвот, јас ќе ви помогнам. Во следните години ќе работам како тренер“, изјави Кабиб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…